„BMW“ планира во блиска иднина официјално да го претстави своето ново премиум купе – „Series 8“. Ова го пишува весникот „Autocar“, повикувајќи се на свои добро упатени извори во производителот од Баварија.
Во моментов каросерија, во чија основа ќе биде концептот „BMW Gran Lusso“ (на сликата), е во процес на развој. Во компанијата размислуваат негова верзија како со две врати, така и со четири. Не се исклучува и појавата на кабриолет.
Очекувањата се концепт варијанта на моделот да се појави во 2018-ма година, а серискиот да излезе на пазарот во 2020-та година. На светските пазари новото „BMW Series 8“ ќе се натпреварува со „Mercedes-Benz S-Class Coupe“ и „Bentley Continental GT“.
Од „Autocar“ пресметале дека од секој продаден „S-Class Coupe“, најголемиот конкурент на „BMW“, компанијата „Mercedes-Benz“ заработува околу 30.000 евра. Генерално производителот од Штутгарт досега заработил од продажбата на луксузните модели „S-Class“ околу 1 милијарда евра.
Токму овие бројки им даваат доверба на шефовите на баварците дека ваквиот модел би имал сериозни изгледи на светскиот пазар. Слични возила се особено популарни во САД и Кина, пишува уште весникот.