18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFoxconn го купува Sharp за 6,24 милијарди долари

Foxconn го купува Sharp за 6,24 милијарди долари

Sharp_HQ_0_0_468X10000

Одборот на директори на „Sharp“ го одобрил купувањето на компанијата од страна „Foxconn“ за 700 милијарди јени (6,24 милијарди долари), соопштија од компанијата. Тоа е прилично необичен потег, бидејќи јапонска корпорација паѓа во рацете на странски купувач.

Зделката одбележува вистинска победа за тајванската „Foxconn“, чии преговори до последен момент беа во прашање, бидејќи за производителот од Јапонија наддавање имаше и од Фондот „Network Corp. of Japan“, кој е поддржан од јапонската влада. Но „Foxconn“, чие официјално име е „Hon Hai Precision Industry Co.“, платија значително повеќе од „INCJ“ за да го придобијат одборот на „Sharp“ на своја страна. Истовремено „Foxconn“ се соочува со голема доза на скептицизам дали ќе успее да се справи со големите загуби на јапонскиот производител на електроника.

Договорот бара одобрение од акционерите на „Sharp“. Детали за финансискиот дел од договорот се уште не се откриени.

Во Јапонија случајот на „Sharp“ предизвика дебати за тоа дали земјата треба да го следи повикот на премиерот Шинзо Абе за отворање кон странски инвестиции. Островот е познат по тоа што не сака да дозволи компании од земјата да падне во туѓи раце, а многу луѓе тврдат дека 103-годишната „Sharp“ треба да остане во сопственост на јапонски купувач. Министерот за економија, трговија и индустрија, изјави за новинарите дека „Sharp“ ќе се развива под капата на „Foxconn“ и верува дека работните места и регионалната економија ќе бидат заштитени.

За „Foxconn“ договорот ја одразува желбата на претседателот Тери Гоу компанијата да стане главен снабдувач на екрани за паметните телефони, тврдат извори запознаени со стратегијата на компанијата.

Најскапата компонента од „iPhone“ пример е екранот на допир, кој претставува 20% од трошоците за производство. „Sharp“ е еден од трите снабдувачи на екрани за смартфоните на „Apple“.

Одот на „Foxconn“ во однос на „Sharp“ се случува во момент во кој таа сака да ја создава следната генерација екрани за „iPhone“, па да се натпреварува со „Samsung Display“, посочуваат извори запознаени со она што се случува во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП