28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

latestnews

Најнови вести од светот 05.04.2013

 

Сараево – Цената на земјиштето во околината на Сараево драстично се намали, а во некои региони и до 70 отсто. Земјиштето за изградба на станови или викенд куќи во околината на Сараево во последните два месеца се продава по цена од 3 до 4 марки по квадрат. Се работи за парцели кои се продаваат во еден дел и кои се поголеми од 10 хектари земја, потврди за Дневни аваз магистерот за недвижнини во БиХ и директор на агенцијата Рентал Мирза Хаџијахиќ. Според него, за малку пари се продаваат големи површини на земјиште во Илијас, Тарочин и Пазариќ, а пазарот за недвижнини во Босна и Херцеговина и понатаму трпи последици од економската криза.

 

Виена – Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо смета дека поминала опасноста по опстанокот на европската валута и еврото. – Верувам дека егзистенцијалната криза помина – рече тој на конференција за печатот, по средбата со австрискиот канцелар Вернер Фајман во Виена. Баросо верува дека најлошото поминало во врска со кризата околу еврото.

 

Загреб – Поради неусогласеноста со прописите на Европската унија, Хрватска воведува посебни даноци на кафето и безалкохолните пијалоци, а дополнително даночење се чека на водата со додаток на шеќер или други засладувачи. Од посебниот данок на кафето државата планира приход од 103 милиони куни, а 214 милиони од данокот за безалкохолни пијалоци во 2013 година.

 

Загреб – Хрватската влада усвои предлог закон кој ќе овозможи отпис на каматите на даночните долгови на граѓаните. Податоците покажуваат дека на 1 јануари повеќе од 616.000 физички лица на кои се однесува предлог законот, на државата и должеле околу 13 милиони куни (1,71 милијарди евра), од кои 5,7 милијарди куни, околу 752 милиони евра се однесуваат на камати кои со оваа мерка државата ќе ги откаже. Од наведениот број на должници, 17 отсто имаат долг од 9,2 милијарди куни (1,21 милијарда евра) или 72 отсто од вкупниот долг. На должниците ќе се овозможи главницата да ја отплатат на рати и до највише 60 месечни рати, зависно од висината на долгот, а каматите ќе бидат 4,5 отсто.

 

Париз – Намалените резерви на компаниите и пониската државна потрошувачка го успорија растот во индустријализираните земји кон крајот на минатата година, намалувајќи го БДП на тие земји за 0,1 отсто, соопшти Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД. Реалниот БДП во 34 земји паднал за 0,1 отсто во однос на последниот квартал во 2012 година, по растот од третиот квартал од 0,3 отсто. – На успорувањето на растот пред се влијаеше падот на резервите, што го намали растот за 0,3 процентни поени – наведено е во соопштението на ОЕЦД.

 

Мадрид – Шпанија продаде обврзници во вредност од 4,31 милијарда евра, со релативно стабилни каматни стапки, што значи дека финансиската криза на Кипар не влијае на довербата на инвеститорите во шпанските финансии. Шпанскиот трезор соопшти дека продал нови обврзници со рок на доспевање до 2016 година за 3,06 милијарди евра, со приход од 3,02 отсто. Трезорот исто така продаде петгодишни обврзници вредни 589 милиони евра, со камата од 3,59 отсто, што е нешто над 3,56 отсто колку што е остварено на 21 март на аукција на хартии со ист рок.

 

Париз – Деловната активност на приватниот сектор на еврозоната значително падна во март, што укажува на и понатаму лошата перспектива за економијата на еврозоната, покажува објавеното истражување. Индексот на управување на набавката ПМИ, кој го подготвува компанијата Маркит, падна во март на 46,5 поени, што е непроменето во однос на претходната проценка, но значително под февруарските 47,9 поени.

 

Вашингтон – Компаниите од американскиот приватен сектор во март вработија помал број на луѓе, што покажува дека се внимателни откако стапи на сила буџетско штедење во САД. Успорувањето на темпото на вработувањето и падот на новите порачки доведоа до пад на индексот на менаџерите на набавка во приватниот сектор за 3,9 поени, што е негово најниско ниво од ноември, наведе Институтот за менаџмент и набавки ИСМ. Извештајот на ИСМ покрива компании кои вработуваат околу 90 отсто работна сила во дадениот сектор.

 

Лондон – Банката на Англија БоЕ ја задржа клучната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,5 отсто и се воздржа од впумпување на свежи пари во стопанството, откако се намали ризикот од нова рецесија. – Монетарната комисија на БоЕ гласаше основната каматна стапка да остане 0,5 отсто – наведе банката по редовниот месечен состанок. Одлуката на БоЕ беше очекувана, сметајќи дека банката пред да направи било што, чека официјални податоци кои ќе бидат објавени овој месец и кој ќе покажат дали британското стопанство повторно влегло во рецесија.

Букурешт – Романија ќе продаде 15 отсто од уделот во компанијата Трансгаз за дистрибуција на природен гас, за да обезбеди 90 милиони евра, соопштено е на Букурештанската берза. Продажбата на тој удел спаѓа меѓу обврските кои романската влада ги презема во рамки на одобрената кредитна линија на ММФ и ЕУ во износ од 25 милијарди евра. – Процесот на приватизација продолжува според планот – рече министерот за енергетика Константин Нита на конференција за печатот.

 

Никозија – БДП на Кипар оваа година може да падне за 13 отсто, а не за 8,7 отсто според претходните прогнози, соопшти секретарот на владата на Кипар Христос Силианидис. Владата на Кипар ја влоши проценката за падот на БДП на земјата под притисок на мерките за штедење и потребите за реформи на банките во согласност со условите за пружање на меѓународна помош. Пред пружањето на финансиска помош на Кипар, Европската комисија прогнозираше овогодишен пад на БДП од само 3,5 отсто.

 

Љубљана – Стопанската комора на Словенија предложи свикување на вонредна седница на Економско-социјалниот совет на кој претставниците на работодавците, синдикатите и владата ќе расправаат на тема Како да се избегне кипарското сценарио, објави Здружението на словенечките работодавци. – Споредувањето на Словенија со Кипар во овој момент се уште е претерано, но противкризните мерки кои би не оддалечиле од кипарското сценарио се пребавни, недокажани и не се целосни – наведе во соопштението претседателот на Стопанската комора на Словенија Само Хрибар Милиќ. Тој додаде дека околностите ќе станат многу сериозни ако во многу кусо време не се променат трендовите, бидејќи ќе се најдеме во круг на негативна рецесиска спирала.

 

Софија – Огранокот на компанијата Хјулит Пакард во Бугарија ќе сервисира околу 359 корпоративни клиенти во Германија. Потпретседателот на фирмата ХП Ентерпрајз Сервисис во Германија Мајкл Еберхард како изјави дека искуството на компанијата ХП во Бугарија било многу успешно. Според него, постојат неколку фактори кои придонеле да се донесе одлука за ширење на дејностите на бугарската афилијација на германскиот пазар.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП