20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа Аеродром во Љубљана, Европа дава 15 милиони денари

За Аеродром во Љубљана, Европа дава 15 милиони денари

ljubljana

Европската компанија одобрила 15 милиони евра за нов терминал на аеродромот во Љубљана, а средствата се доделени од европскиот фонд за регионален развој.

Средствата од тој фонд, Словенија ги користи за јакнење на транспортната инфраструктура и тоа за проекти во рамките на среднорочниот финансиски буџет на Европската унија од 2007-2013 година.

Планираниот капацитет на новиот терминал на љубњанскиот аеродром “ Јоже Пучник ” , изнесува 1800 патници на саат.

Тоа ќе ги задоволи потребите не само на словенските корисници на воздушниот превоз, туку и на патниците кои на љубљанските аеродроми гравитираат поради близината, како оние во јужна Австрија, северозападна Италија и некои делови на Хрватска.

Постоечкиот патнички терминал во аеродромот, во Брник, изграден е во 1973, со претпоставка за максимален промет од 500.000 патници годишно.

Поради зголемениот промет, првичниот терминал е повеќе пати прошируван, така што во 2010 година овозможил услуги за 1,4 милиони услуги.

Последната поголема модернизација и вложување во терминалот биле во 2007 година, поврзано со контролата на патниците и стоката која доаѓа од шенген зоната.

Новиот терминал годишно ќе може да услужи 4 милиони патници.

Кога ќе биде завршен целиот проект, кој во новата зграда за патницки терминал вклучува и комерцијални објекти и нови паркинг места, вкупната површина на аеродромот ќе се зголеми за околу 36.000 метри квадратни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП