19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕвропска премиера на Mi5

Европска премиера на Mi5

mi petka

Брзорастечкиот кинески производител „Xiaomi“ стави јасно до знаење дека сака да се натпреварува со „Samsung“ и „Apple“ во највисоката ценовна класа со дебито на моделот „Mi5“ во Барселона.

Ова беше прво деби на смартфонот на компанијата на Стариот континент. Уредот е со 5.15-инчен дисплеј со резолуција од 1.080 пиксели и со чип „Snapdragon 820“, кој се наоѓа во моделите „Samsung Galaxy S7“ и „LG G5“.

Оперативната меморија на уредот е цели 4 GB, а камерата е 16-мегапикселна на „Sony“ (IMX298). Внатрешната меморија на најскапата варијанта на моделот е 128 GB.

mi petka1

Телото на уредот е метално со посветено внимание на дизајнот. Смартфонот е првиот за „Xiaomi“ со физичко копчето напред, кое исто така го интегрира во себе и сензорот за отпечатоци.

Цената на смартфонот ќе биде 354 долари за верзијата со 128 GB внатрешна меморија и 262 долари за верзијата со 32 GB внатрешна меморија. Овој телефон ќе биде достапен од 1-ви март во Кина, по што ќе биде претставен и на останатите пазари, почнувајќи од Индија. Уредот ќе биде претставен во варијанти во бела и златна боја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП