26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОваа година се очекува зголемување на продажбата на таблет уреди, смартфони и...

Оваа година се очекува зголемување на продажбата на таблет уреди, смартфони и компјутери во светот

tablet-prodazba

Продажбата на компјутери, таблет уреди и на смартфони во светот оваа година ќе се зголеми за девет проценти и ќе достигне 2,4 милијарди парчиња, соопшти истражувачко-консултантската компанија Гартнер.

Корисниците претпочитаат се повеќе таблет уреди и смартфони и затоа продажбата на персонални компјутери и лаптопи ќе забележи пад од 7,6 отсто, до околу 315 милиони оваа година, според Гартнер, која појаснува дека е забележана тенденција на продажба на помоќни таблет уреди по пониски цени, со што се ставаат во втор план традиционалните компјутери.

– Некои луѓе ќе ги задржат и персоналните компјутери и таблет уредите, особено оние кои ги користат за работа и за рекреација, но многумина ќе се задоволат со таблет уред како основен компјутер, изјави претставничка на компанијата.

Глобално продажбата на таблет уреди ќе се зголеми за 70 отсто до 197 милиони единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП