23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемена добивката на Airbus, сменети производните планови

Зголемена добивката на Airbus, сменети производните планови

air bus e3

Европскиот производител на авиони Airbus Group оствари оперативна добивка од 4,13 милијарди евра во 2015 година, што е за 2 отсто повеќе во споредба со претходната година и ги промени своите планови за производство на клучниот модел на авиони, благодарение на закрепнатата побарувачка.

Најголемата европска воздухопловна групација во минатата година остарила раст на приходите за 6 отсто, на 64,45 милијарди евра.

Airbus Group објави дека во оваа година очекува стабилна темелна оперативна добивка и паричен ток.

Во 2015 година забележа слободен паричен ток од 2,8 милијарди евра, вклучително и 1,7 милијарди евра од продажба на уделот во Dassault Aviation и предложи зголемување на дивидендата за 8 отсто, на 1,3 отсто по акција.

Airbus соопшти и дека од 2017 година ќе произведува месечно седум модели A330, откако неодамна го намали производството од 10 на 9 авиони месечно, а потоа и на шест, подготвувајќи се на премин на A350 jetliner.

Одлуката за зголемување на производството уследи три дена откако Иран, благодарение на укинувањето на санкциите, прифати да купи 45 авиони A330 во рамки на договорот вреден 27 милијарди американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП