17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRolls-Royce го запира производството на 13-годишниот Phantom

Rolls-Royce го запира производството на 13-годишниот Phantom

rolsi

Британскиот производител на супер луксузни автомобили „Rolls-Royce“ го запира производството на моделот „Phantom“, кој наскоро ќе биде заменет од нова верзија.

Автомобилот со цена од 350.900 евра е првата лимузина произведена од британската компанија, откако таа стана сопственост на „BMW“ во 2000-та година. Автомобилот има историја од 13 години, а новата нејзината верзија ќе дебитира во 2018-та година. Варијантите на моделот во верзија купе нема да бидат продолжени, коментираат уште од компанијата.

Новиот модел ќе се базира целосно на алуминиум, какви ќе бидат и сите произведени од компанијата автомобили по две години.

P90044980

Специјалната колекционерска серија од 50 автомобили, со името „Phantom Zenith“, ќе биде пуштена на пазарот, за да го означи крајот на моделот кој е иконата на овој производител. Новиот модел од серијата ќе биде „исклучително убав, со најновите технологии при дизајнот и опремата“, коментира извршниот директор на компанијата Торстен Милер, цитиран од „Bloomberg“.

Компанијата планира претставување спортски модел во 2018-та година, кој исто така ќе биде базиран на употребата на лесни материјали.

„Rolls-Royce“ e пазарниот лидер во производството на автомобили со цени над 200.000 долари, а се натпреваруваат особено силно со другиот водечки британски производител „Bentley“. Минатата година „Rolls-Royce“ продал 3.785 возила, или со 6.8% помалку на годишно ниво, поради падот од над 50% во продажбата во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП