3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTom Tailor затвора 100 продавници

Tom Tailor затвора 100 продавници

tom tailor 435

Модниот концерн со седиште во Хамбург, „Tom Tailor“, има намера да затвори 100 од своите вкупно 1.500 продавници во 2016-та година.

Покрај тоа се предвидува да отпаднат 100 работни позиции во менаџментот и седиштето, изјави претседателот на Бордот на директори Дитер Холцер во интервју за германскиот „Handelsblatt“.

Така Концернот ќе може да зачува до 20 милиони евра годишно по 2017-та година. Минатата година акциите на компанијата загубија над половина од својата вредност.

„Нашите трошоци се премногу високи. Моравме да почнеме да штедиме многу порано, за да ја надоместиме зголемената пазарна нестабилност “, изјави менаџерот.

Тој им вети на акционерите повеќе сигурност. „Од гледна точка на капиталните пазари ние сме разочарани премногу често од очекувањата. Во иднина ќе ги градиме така прогнозите дека да не се разочаруваме од пазарот, без разлика дали ќе ги задоволи сите со прогнозата“.

Од „Tom Tailor“ најавија дека во текот на наредните денови ќе ги објават своите годишни резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП