6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony претстави три смартфони во Барселона

Sony претстави три смартфони во Барселона

sonce 00

Јапонскиот производител на електроника „Sony“ претстави три нови смартфони од серијата „Xperia X“ за време на саемот во Барселона.

Тоа се моделите „Xperia X“, „XA“ и „X Performance“, а и трите смартфони се со 5-инчен дисплеј.

Sony Xperia X

sonce 01

Смартфонот е со процесор „Snapdragon 650“, како и 3 GB RAM меморија. Тој е со новиот оперативен систем „Android 6.0 Marshmallow“. Внатрешната меморија е 32 GB, а која може да се прошири со картичка. Големата новина кај смартфонот е новата камера на производителот. Таа е 23-мегапикселна со „паметен автофокус“, кој овозможува да бидат следени објектите кои се движат. Камерата може да биде активирана и да снима само за 0,6 секунди. Предната камера на уредот е 13-мегапикселна. Од „Sony“ ветуваат два дена траење на батеријата меѓу полнење, благодарение на нејзиниот капацитет од 2.620 mAh. Смартфонот се разликува уште и со стерео звучниците. Неговата цена во Европа се очекува да е при ниво од 599 евра.

„Sony Xperia X Performance“

sonce 02

За оние кои имаат потреба од поголема моќ, овој модел доаѓа со процесор „Snapdragon 820“, 3 GB на RAM и 32 GB внатрешна меморија. Моделот исто така е водоотпорен и го има сертификатот „IP68“. Екранот му е 5-инчен со резолуција од 1080 пиксели, а неговата главна камера е истата од 23 мегапиксели, како на претходниот модел со хибриден автофокус. Предната камера е 13-мегапикселна. Се уште нема информации за цената, по која ќе се нуди во Европа.

„Sony Xperia XA“

sonce 03

Ова е најприфатливиот модел од серијата. Тој е со 5-инчен екран со резолуција од 720 пиксели и 13 мегапикселна главна камера. Предната камера е од осум мегапиксели. Чипот е „MediaTek MT6755“, а оперативната меморија е 2 GB. Моделот ќе доаѓа со инсталирана верзија „Android Marshmallow“. Овде недостасуваат сензорот за отпечатоци и стерео звучниците. Батеријата исто е помала со капацитет од 2300 mAh. Цената на моделот во Европа се очекува да е при ниво од 299 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП