20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНа листата на желби на политичарите: Mercedes-Maybach S600 Guard (фото+видео)

На листата на желби на политичарите: Mercedes-Maybach S600 Guard (фото+видео)

gard 00

Германската компанија „Mercedes“ ја покажа својата најнова блиндирана лимузина – „Mercedes-Maybach S600 Guard“. Таа има заштита од степен „VR10“ што ја претвора во најсигурен автомобил во светот, се наведува во информацијата.

Досега највисоко ниво на оклопни возила беше од степен „VR9“, а него го имаат специјалните автомобили на Ангела Меркел и Владимир Путин. Новата блиндирана лимузина има подобрени бројни индикатори, меѓу кои се отпорноста од експлозијата во непосредна близина на возилото. Таа е веќе на аналогно ниво со онаа на експлозија под возилото, а тоа е постигнато со новата технологија за оклопните прозорци.

gard 01

„VR10“ му овозможува на автомобилот да се движи до 80 км / час, дури и при четири дупнати гуми. Исто така нуди противпожарен систем, како и системи кои обезбедуваат свеж воздух во кабината, домофон, црна кутија која ги снима податоци при евентуален инцидент и други.

gard 02

За титулата најдобар сигурен автомобил на пазарот заслуга има исто така стандардот „ERV 2010“ за отпорност од експлозивни направи, добиен од Институтот за балистика во Улм.

gard 05

Што се однесува до погонот, тој е доверен на „V12“ агрегат со зафатнина 6.0 литри. Не е јасно дали тој е подложен на доработка, но во стандардната верзија показателите му се моќност од 530 КС и максимален вртежен момент од 830 Nm.

gard 03

Цената на новиот „Mercedes-Maybach S600 Guard“ започнува од 470.000 евра.

gard 04

Германската компанија нуди широк спектар на автомобили со различен степен на заштита. Меѓу нив се „G500 Guard“, „GLE 350 d 4MATIC Guard“, „GLE 500 4MATIC Guard“, „S500 Guard“ и „S600 Guard“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП