30 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВолво ќе произведува автомобил без клуч (фото+видео)

Волво ќе произведува автомобил без клуч (фото+видео)

Phone as key

Групацијата „Волво карс“, од наредната година, ќе биде првиот производител на автомобил без клуч. За возење на автомобилот ќе се користи дигитален клуч/апликација на мобилниот телефон. Ваквиот иновативен концепт на Волво без клуч, прв пат, ќе биде прикажан на „Мобилниот Светски Конгрес“, кој почнува денес и трае до 25-ти Февруари во Барселна, Шпанија.

Оваа технологија на дигитален клуч преку мобилниот телефон ќе овозможи се што овозможува стандардниот клуч – заклучување и отклучување на вратите и багажникот, како и палење на моторот на автомобилот. Преку иновативната дигитална технологија Bluetooth, клиентите на Волво ќе добијат многу флексибилност и корист од новиот начин на користење на автомобилите.

Volvo Cars digital key

Технологијата ќе понуди можност за повеќе од една дигитална апликација за пристап до повеќе Волво автомобили на различни локации, во согласност со нивните потреби за мобилност. Со користењето на оваа апликација луѓето може, потенцијално, да резервираат и да платат за изнајмување автомобил каде бил во светот, а дигиталниот клуч да го добијат на нивниот паметен телефон. По пристигнување на клиентот, тој едноставно го лоцира возилото преку GPS, може да го отклучи и вози, притоа да ги избегне фрустрирачките редици на аеродромите и железничките рент-а-кар локации.

Исто така, овој дигитален клуч може да биде споделен со членови на семејството, пријателите или соработниците во една компанија, кои може да го користат автомобилот додека сопственикот е отсутен.

„Во Волво сме заинтересирани во технологијата за доброто на технологијата. Новата технологија ќе го олесни животот и ќе им заштеди време на нашите клиенти. Потребата од мобилност еволуира и очекувањата на нашите клиенти е да имаат полесен и поедноставен пристап до автомобил“, вели Хенрик Грин, заменик- претседател на одделот за стратегија на производ и менаџмент на линијата на Волво. „Нашата иновативна дигитална клуч технологија целосно го менува начинот на пристап и споделување на возилата Волво. Наместо да биде паркиран на паркинг цел ден, може да се користи почесто и ефикасно“.

Volvo Cars digital key

Пилот фазата на оваа технологија ќе почне во текот на пролетта оваа година и за наредната година, со новата технологија, ќе се произведат ограничен број комерцијално достапни автомобили.

Волво е пионер во новата дигитална клуч технологија. Од 2015 година, шведскиот премиум произведител на автомобили го лансираше првиот комерцијален он-лајн шопинг со достава директно до автомобилот. Физичките копчиња ќе продолжат да бидат во функција за луѓето кои ги сакаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП