17 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMaserati конечно го покажа кросоверот (фото)

Maserati конечно го покажа кросоверот (фото)

lev kross

Италијанската спортска марка „Maserati“ го покажа првиот во историјата сериски кросовер. Неговата премиера ќе се одржи на автосаемот во Женева, а продажбата ќе стартува веднаш потоа.

Дизајнот на „Maserati Levante“ е целосно во стилот на брендот, познат по своите седани и купе возила. Сепак „SUV“ моделот добил и оригинални детали, вклучувајќи масивни задни браници, импозантна решетка на ладилникот и линијата на покривот.

lev kross1

Засега производителот на брза да ги открива техничките карактеристики на моделот, а беше објавено само дека „Levante“ ќе ги комбинира прецизна управливост, карактеристична за автомобилите на брендот, со одличните теренски карактеристики. Автомобилот добил целосно оригинален систем за погон на четири тркала и воздушно потпирање со адаптивни амортизери.

lev kross2

Според информациите кои засега ги има кросоверот ќе добие 3,0-литарски бензински турбо „V6“ мотор во две верзии – со 350 и 430 КС. Тој ќе работи во комбинација со специјално подготвена 8-степена мануелна трансмисија. Така „Levante“ ќе забрзува од 0 до 100 км/ч, односно за 6,3 и 5,2 секунди, а максималната брзина ќе биде 243 км/ч кај најслабата варијанта и 264 км/ч кај најмоќната.

lev kross3

За италијанскиот теренец е предвиден и 3.0-литарски „V6“ дизел агрегат со 275 КС. Тој ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,9 секунди, а максималната брзина ќе биде 230 км/ч. За споредба дизел „Porsche Cayenne“ ја постигнува брзината до 100 км/ч за 7,3 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП