10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G5 - првиот модуларен смартфон? (фото+видео)

LG G5 – првиот модуларен смартфон? (фото+видео)

petica lg00

Корејскиот концерн за електроника „LG Electronics“ во пресрет на „Mobile World Congress“ го претстави својот нов предводник кај смартфоните – „LG G5“, пишува „The Verge“.

petica lg11

Новиот модел со „Android“ не е продолжение на „G“ серијата со претходните модели „G3“ и „G4“, туку е нов почеток. Нешто што Корејците го нарекуваат „првиот модуларен смартфон“.

petica lg33

Ова не го покажува само дизајнот на „LG G5“, туку и специјализираните додатоци на смартфонот, како очила за виртуелна реалност, дополнителна камера, менување на батеријата и друго.

petica lg44

Предводникот ќе биде достапен наскоро во трговската мрежа во сребрена, златна, розова и црно-сива боја. Дебелината е меѓу 7,7 до 8,6 мм уредот кој е само од метал, а неговата тежина која работи со „Android 6 Marshmallow“ е 159 грама. За време на прес-конференцијата производителот не ги спомена цената и датумот на пуштање во трговската мрежа.

petica lg77

„LG G5“ има 5,3 инчен „Quad HD IPS“ екран со функцијата „Always On“ дисплеј, која секогаш го покажува часот и важните информации. Интересно е дека за оваа намена работи само 1/3 од екранот кој троши по 0,8% од батеријата на час. Функцијата работи и дури кога уредот е во т. н. „Quick Cover“.

petica lg22

Чипот е „Snapdragon 820“, со 4 GB RAM, 32 GB внатрешна меморија и „microSD“ слот за до цели 2 TB картичка. Батеријата е 2800 mAh и го поддржува „Quick Charge 3.0“. Со модулот „Cam Plus“ сепак батеријата станува 4000 mAh. „LG G5“, за разлика од „Samsung Galaxy S7“ (Edge), нуди и „USB-Typ-C“.

petica lg55

И во однос на камерите, Корејците се издвојуваат од конкуренцијата. На задниот панел на „LG G5“ има цели два модули за камери. Едната камера на уредот е со 8 МР резолуција и со објектив со опсег од 135 степени, а стандардната камера е со 16 МР. Предната камера е со 8 МР.

petica lg66

Иако слотот за батеријата и дополнителните додатоци во подебелиот дел „LG G5“ е широк 7,8 милиметри и тежи 160 грама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП