25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Индија останува најголемиот увозник на оружје, САД и Русија...

График на денот: Индија останува најголемиот увозник на оружје, САД и Русија се главните снабдувачи

oruzje to 02

Индија продолжува да е водечкиот узвозник на арсенал во светот, а САД и Русија испорачуваат повеќе од половина од оружјето на глобално ниво, соопшти Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI) во својот извештај, цитиран од медиумите.

Увозот на оружје на Индија меѓу 2011-та и 2015-та година сочинува 14 проценти од вкупниот износ на глобален план – двојно повеќе од рангираната на второ место Саудиска Арабија. Меѓу петте водечки увозници на оружје се уште Кина, Обединетите Арапски Емирати и Австралија.

oruzje to 04

Според „SIPRI“, испораките на оружје во светот во периодот од 2011-та до 2015-та година се зголемија за 14 проценти во споредба со 2006-2010.

Според податоците на институтот 58 држави извезуваат оружје. На чело на оваа листа се САД и Русија, кои заедно испорачале повеќе од половина оружје во светот помеѓу 2011-та и 2015-та година.

oruzje to 03

САД, чиј удел од глобалниот извоз сочинува 33 проценти, продава оружје на 96 земји – многу повеќе од кој и да е друг водечки снабдувач. Главните купувачи на американските оружје биле Саудиска Арабија, ОАЕ и Турција. Борбената авијација сочинува повеќе од половина од извозот на САД.

Русија придонесе со една четвртина од оружјето на глобален план. Таа е дистрибутер во 50 земји, како и бунтовничките сили во Украина, се наведува во извештајот „SIPRI“. Три земји – Индија, Кина и Виетнам – добиле над половина од рускиот извоз.

oruzje to 000

На Индија 70 проценти од своето оружје и пристигнува од Русија и се очекува да продолжи да се потпира на руското оружје, иако во последно време се зголемува увозот од САД. Според „SIPRI“ увозот на Индија се должи на тоа дека нејзината индустрија за оружје не може да произведува конкурентни оружје, дизајнирани од неа.

oruzje to 0111

Кина, од друга страна, станува се поспособна да произведува свои современи оружја и станува помалку зависна од увозот, посочува Институтот. Кина е третиот најголем извозник на оружје во светот – нејзиниот удел од глобалниот извоз е речиси 6 проценти. Таа се има порибено на 37 земји, а водечките пазари им биле традиционалните сојузници Пакистан и Мјанмар, како и Бангладеш.

Франција е четвртиот најголем извозник на оружје во светот со удел од 5,6 проценти, а по неа следуваат Германија и Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП