6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung ги претстави новите модели S7 и S Edge (видео)

Samsung ги претстави новите модели S7 и S Edge (видео)

160219192209-samsung-galaxy-split-780x439

Јужнокорејскиот технолошки концерн Samsung на Светскиот конгрес за мобилните технологии во Барселона ја претстави својата нова линија на водечките паметни телефони со ознаки Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge, за кои нарачките ќе започнат денес, 22-ри февруари.

Новите модели претставуваат подобрени модификации на претходните водечки модели на Samsung со ознаките S6 и S6 Edge. Така, S7 ќе има екран со дијагонала од 13 сантиметри, додека S7 Edge од 14 сантиметри и искривување на двата раба.

Стаклената површина е потесна и слиена со металот, уредите имаат побрз процесор за третина во споредба со претходните модели. Производителот, исто така, објавија дека двата нови модела се опремени со камера од 16 мегапиксели со подобрени карактеристики, батерии со капацитет од 3.000 до 3.600 mAh, заштита од вода, а вратена е и мемориската картичка microSD. Сепак, познавачите оценуваат дека нема никакви „револуционерни“ новитети.

И двата паметни телефона ќе работат на Android 6.0 и ќе бидат опремени со 4-јадрен системи на чипот Qualcomm Snapdragon 820 со графичката Adreno 530, или со 8-јадрениот Samsung Exynos.

Оперативната меморија на уредите е 4 GB и 32 GB внатрешна меморија.

Функцијата на постојано вклучен дисплеј овозможува корисникот постојано да биде во контакт со дојдовните известувања во реално време или со претстојните настани во календарот без да се скршнува погледот, на пример, на деловни состаноци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП