2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot го обнови кросоверот 2008 (фото+видео)

Peugeot го обнови кросоверот 2008 (фото+видео)

2008 01

Нова верзија на најпознатиот компактен кросовер покажа француската компанија „Peugeot“. Обновениот „2008“ ќе биде главен акцент на штандот на марката на саемот во Женева.

Основната модернизација кај моделот влијае на надворешноста, каде гледаме нова решетка на ладилникот со голем амблем, нов капак и нежно изменети светла. Позади промените се помали, а се исцрпуваат со нов дизајн на стоп светлата.

2008 02

Новина која треба да се потенцира е авантуристичкиот карактер на „Peugeot 2008“, а тоа се штитниците на крилата, кои се решени во црно.

2008 03

Внатрешноста изгледа речиси непроменета, а веќе може да биде опремена со 7 инчен мулти-систем, кој го нуди „Apple Carplay“. За повисоките верзии се достапни стаклен панорамски покрив, кожен тапацир со контрастни шевови и амбиентно осветлување.

За моделот се нуди и пакетот „GT Line“, кој вклучува решетка на ладилникот во црн хром, сјајни црни елементи, уникатни тркала со големина од 17 инчи, алуминиумски педали, името од нерѓосувачки челик и друго.

2008 05

За погон на обновениот „2008“ се предвидени неколку бензински и дизел мотори. Бензинските се од серијата „PureTech“, имаат волумен од 1,2 литри и имаат турбо, а генерираат 82, 110 и 130 КС. Дизелите се со зафатнина од 1,6 литри и развиваат 75, 100 и 120 КС.

2008 06

Сите детали за моделот ќе бидат откриени за време на премиерата на почетокот на месец март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП