7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПаметните часовници ги надмина по продажба швајцарските

Паметните часовници ги надмина по продажба швајцарските

cas 00

За прв пат продажбата на паметните часовници ја победи онаа на швајцарските часовници, како бројка, објави аналитичарската компанија „Strategy Analytics“. Само во последниот квартал на минатата година биле продадени 8.1 милиони паметни часовници, што е раст од 316% во однос на истиот период од минатата година.

За споредба, во последната четвртина од 2015-та година се продадени 7.9 милиони швајцарски часовници, што е пад од 4,8%. Најмногу паметни часовници се купуваат во Северна Америка, проследени од Западна Европа и Азија. Најпродаван е „Apple Watch“ со удел од 63%, следен од „Samsung“ со 16%.

cas 01

„Индустријата на швајцарските часовници реагира многу бавно на паметните часовници. Таа само ја закопа „главата во песок“ и се надеваше дека тие ќе исчезнат. Неколку швајцарски компании всушност претставија паметни часовници, но тие имаат вкупно 1% удел во сегментот“, коментира Нил Маустон, извршен директор на „Strategy Analytics“.

„Apple“ не дава посебни информации за продажбата на паметниот часовник. Тој е во графата „други производи“, што долго време предизвикува шпекулации дека не се продава добро и компанијата ги крие резултатите. Според „Strategy Analytics“, „Apple“ има продадено околу 13.6 милиони паметни часовници во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП