23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAllianz ги разочара аналитичарите со профитoт вo четвртиот квартал

Allianz ги разочара аналитичарите со профитoт вo четвртиот квартал

allianz566

Најголемата осигурителна компанија во Европа „Allianz SE“ не успеа да одговори на очекуваниот за профит за четвртото тримесечје заради мноштвото осигурителни побарувања како резултат на природни катастрофи, соопштува „Bloomberg“.

Нето добивката на компанијата порасна до 1,42 милијарди евра во кварталот, наспроти 1,22 милијарди евра во истиот период од минатата година, објави компанијата со седиште во Минхен. Консензусот на очекувања на шестмината аналитичари анкетирани од „Bloomberg“, беше за профит во вредност од 1,56 милијарди евра. Акциите на „Allianz“ поевтинија за 1,43% и се тргуваа за 134,05 евра на берзата во Франкфурт.

„„Allianz“ продолжува да претставува силни резултати во повеќе предизвикувачки оперативни услови. Бизнисот ни е здрав и добро насочуван. Тоа ни дава уверување дека ќе продолжиме да постигнуваме силен профит“, изјави главниот извршен директор Оливер Бете.

Осигурениците во Европа се борат со построги регулаторни барања во капиталот, пониски каматни стапки, кои спротивност на нивната инвестициската добивка и пониските цени на некои од пазарите. А сепак „Allianz“ се стреми да постигне раст на годишна заработка по акција од просек 5% во периодот меѓу 2016-та и 2018-та година. Таа цели и поврат на капиталот од 13%, е приспособена спрема нереализираниот раст на капиталот на обврзници и други средства, до 2018-та година.

ali ali11

„Allianz“ планира да ја зголеми дивидендата за 6,6% до 7,30 евра по акција во 2015-та година. Тоа е помалку од прогнозите на „Bloomberg Dividend Forecast“ за 7,40 евра за акција.

Некои аналитичари очекуваа „Allianz“ да објави откуп на акции освен дивидендите, за да успее да ги постигне целите за враќање на капиталот и профитот по акција.

Годишниот оперативен профит на „Allianz“ се зголемил за 3,2% до 10,7 милијарди евра, што е во горниот крај на целниот опсег од 10 до 10,8 милијарди евра. За 2016-та година компанијата цели профит меѓу 10 и 11 милијарди евра. Оперативната добивка во четвртиот квартал е под влијание на побарувања по осигурување по европските бури и поплави, изјави компанијата во петокот.

„Барањата имаат силно влијание врз општиот сооднос во четвртиот квартал. Перспективите пред оперативната добивка се разочарувачки, бидејќи тоа е предвид на минимален раст, а опсегот се прошири како резултат на некои пазари “, рече Роланд Фендер, аналитичар во „Oddo Seydler Bank“ во Франкфурт, кој дава рејтинг „buy“ на акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП