6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook наскоро ќе пушти реклами во Messenger

Facebook наскоро ќе пушти реклами во Messenger

mes reklami 35

„Facebook“ наскоро ќе пушти реклами во апликацијата за разговор – „Messenger“. Онлајн изданието „TechCrunch“ се здоби со документ кој компанијата го испрати до некои од најголемите корисници на реклами и во него се наведуваат можностите на маркетинг во „Messenger“.

„Чет“ апликацијата на социјалната мрежа ќе им овозможува на компаниите да испратат реклами како пораки на корисниците во одредени услови. Една од нив е корисниците сами претходно да иницираат разговор со дадената компанија.

„Не коментираме гласини и шпекулации. Нашата цел со „Messenger“ е да создадеме висококвалитетно искуство за 800 милиони луѓе во светот и тоа вклучува луѓето да не добиваат несакани пораки од каков и да е вид“, коментираат од „Facebook“.

Предизвикот за компанијата ќе биде изнаоѓање на баланс помеѓу доволно методи за рекламирање, така што компаниите да се задоволни и да имаат интерес, но и корисниците да не бидат одбиени. Токму затоа првично рекламите ќе се ограничени и ќе можат да се добиваат само од луѓе кои доброволно започнале разговор со одредена компанија пред тоа. Предметните реклами ќе се во форма на пораки во самиот разговор на корисникот со одредена компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП