18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFlying Spur доби спорстка верзија (фото)

Flying Spur доби спорстка верзија (фото)

sport bently1

„Bentley“ претстави спортска верзија со „V8“ мотор на седанот „Flying Spur“. Таа го доби додатокот „S“ кон името и ќе се распореди меѓу основната модификација на моделот и онаа со „W12“ мотор.

Од стандардниот „Flying Spur“, новата варијанта се разликува по модернизацијата на суспензијата, доработениот екстериер и моќниот мотор.

sport bently

Машината e опремена со „V8“ Твин-турбо мотор кој развива 21 КС повеќе од сегашниот модел. Тоа значи дека „Flying Spur S“ има 528 КС и 680 Nm достапни при 1700 врт/мин. Во комбинација со 8-брзински автоматски менувач седанот забрзува од 0 до 100 km/h за 4,9 секунди – со 0,3 секунди побрзо од стандардниот модел. Максималната брзина е зголемена за 11 километри и достигнува 306 km/h.

Автомобилот со погон на сите четири тркала исто така добил наштимана суспензија, доработен систем за управување, адаптивни амортизери и оптимизиран систем за стабилизација. Спортската варијанта се разликува уште по црната решетка на ладилникот, задниот дифузер и 20-инчни тркала. Во кабината се поставени специјални седишта во две бои и везови „Flying Spur S“.

sport bently2

Премиерата на спортскиот „Flying Spur“ ќе се одржи на автосаемот во Женева кој ќе стартува следниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП