6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOвој стаклен диск засекогаш чува 360 TB податоци (видео)

Oвој стаклен диск засекогаш чува 360 TB податоци (видео)

mini hard

Научници од Универзитетот во Саутемптон во Велика Британија создале нов формат за податоци кои ги кодира информациите во мали наноструктури во стакло. Стандарден диск од овој вид може да чува околу 360 терабајти податоци, а животниот век му се проценува до 13,8 милијарди години со температури до 190 целзиусови степени. Колку за споредба, толку е стар универзумот.

Фотографиите бледеат, книгите скапуваат, па дури и компјутерските тврди дискови се распаѓаат. Зачувувањето на историјата на човештвото напредува полека веќе долго време. Потребно ни е нешто револуционерно. Нешто како овој нов формат на чување податоци.

mini hard111

Новиот метод првпат бил демонстриран во истражување во 2013, а оттогаш научниците ја усовршиле техниката и сега бараат начин за дополнително унапредување и можна продажба.

Дисковите може да траат толку долго бидејќи стаклото е цврст материјал за кој е потребна висока температура за да се стопи и е хемиски стабилен, пишува „The Verge“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП