20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFT: Штип меѓу десетте најдобри градови за инвестирање во ЈИЕ

FT: Штип меѓу десетте најдобри градови за инвестирање во ЈИЕ

stip fabrika

Штип е меѓу десетте европски градови кои се најпривлечни за странски инвеститори бидејќи покажуваат најдобро разработени стратегии за нивно привлекување.

Изборот го направил угледниот Фајненшал тајмс (Financial times) кој го рангира Штип на шесто место според развојните стратегии за инвестирање. Прв е хрватскиот град Иванец, а по Штип се Јастребарско од Хрватска, Врање од Србија, Јелгава од Латвија и Тарту од Естонија. Извештајот има над 45 страници и се однесува за 2016/2017 година.

stip rangiranje

Во поглед на цената на трошоците за бизнис, Штип е на прво место во категроијата микро-региони до 100.000 жители. А по него следат градови од Украина, БиХ, Латвија и Србија. За градоначалникот на Штип, овој извештај е доказ за успешните економски политики на Владата и на локалното раководство што резултираше со отворање на нови фабрики:

„Ние сме слуги на бизнис зедницата и затоа доаѓаат бизнисмени за инвестирање во Штип. Имаме одлично домашни бизнисмени кои му помагаат на градот. Ние правиме нова индустриска зона на површина од 350-400 хектари, од населбата Три Чешми до 4-ти километар, од двете страни на регионалниот пат до Радовиш, правиме и втора индустриска зона од училиштето „Искра“ до Кланицата, со 18 парцели со по 6000 м/2 за мали и средни претпријатија, ја доградуваме индустриската зона од ресторанот „Мал одмор“ до „Лукоил“ каде се пораненшите гиганти „Астибо“, „Алумина“ и каде даваме шанса на домашни стопанственици да доградат, а имаме и нови плацеви и градиме голема индустриска зона кај Три Чешми каде ќе имаме десетина нови локации на влезот на населбата до новиот пат. Секако, тука е и е најголемиот проект на Владата за ТИР зоната на 210 хектари каде веќе работат две фабрики, а третата се гради“, кажа Захариев.

stip rangiranje111

Захариев, кажа дека му е мило што Штип е во првата десетка на градови во категоријата на микро региони во Европа и дека отворањето на нови погони ќе ја сведе невработеноста во Штип на „нула“ имајќи во предвид дека во моментов 2.000 лица се невработени од кои 1.000 земаат паричен социјален надомест.

Со оглед на тоа што доаѓаат луѓе и од соседните општини, тоа е знак дека Штип има шанса да ја искорени невработеноста и со тоа да биде прв град на овој план во Македонија, за што според него помагаат политиките на Владата за привлекување на инвеститори и проектите за стимулирање на бизнисмените.

Комплетното рангирање направено од Фајненшал тајмс можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП