19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo избра име за својот кросовер

Alfa Romeo избра име за својот кросовер

ar kros1

Првиот теренец на „Alfa Romeo“ ќе се нарекува „Stelvio“, соопштува британскиот „Auto Express“, кој се базираше на изјавата на Серџо Маркионе, извршниот директор на компанијата.

Името било споменато за време на посетата на Маркионе во една од фабриките на компанијата во Италија, која ќе биде одговорна за производство на друг нов модел на „Alfa“ – „Giulia“.

Што се однесува до првиот кросовер на италијанската марка, тој ќе влезе во производство подоцна оваа година и треба да биде на пазарот во почетокот на 2017-та година.

Името „Stelvio“ асоцира на највисокиот асфалтиран премин во источните Алпи – „The Stelvio Pass“. Патот се искачува на 2757 метри и се наоѓа во Северна Италија.

Кросоверот ќе користи модифицирана верзија на платформата на која е изградена новата „Giulia“. Моторите за „Stelvio“ исто така ќе бидат превземени од седанот.

ar kros

Тоа значи дека под хаубата на теренецот ќе се ставаат бензински и дизел агрегати, меѓу кои 2,0-литарски бензински со 200, 250 и 280 КС, како и 2,2-литарски дизел со 150, 180 и 210 КС.

Најверојатно ќе се појави и максимална спортска верзија, која се потпира на 2,9-литарски V6 мотор со двојно турбо развиен од инженерите на „Ferrari“. Тој развива 510 КС, и треба да го претвори „Stelvio“ во една од најбрзите машини во сегментот.

Што се однесува до дизајнот на моделот, тој останува мистерија. На сликите е визијата на студиото „RMdesign“.

„Alfa Romeo“ има во план уште неколку кросовери кои треба да излезат на пазарот постепено до 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП