20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan го покажа противникот на Ford F-150 (фото)

Nissan го покажа противникот на Ford F-150 (фото)

titan 001

„Nissan“ го претстави обновениот пикап „Titan“. На изглед тој многу личи на постариот модел „Titan XD“ чија нова генерација беше прикажана пред една година. Сепак, технички двете возила се целосно различни.

Главните конкуренти на „Titan“ во САД ќе бидат „Chevrolet Silverado“, „Ford F-150“ и „Ram 1500“. Како тие, така и новиот пикап на „Nissan“ ќе се нуди со 3 варијанти на кабината и 3 варијанти на товарната платформа, чија должина ќе се движи од 168 до 245 см.

titan 002

„Надворешноста на „Titan“ е идентична со онаа на „Titan HD“, но двата модела немаат ниту една заеднички техничка компонента. Дури навртките им се различни. Разликата во должината меѓу нив е 38 см, а во меѓуоскиното растојание е 30 см“, објасни претставник на брендот при претставувањето.

titan 003

Се планира „Titan“ да добие во прво време два бензински мотори – „V6“, чии карактеристики засега не се објавени, и 5,6-литарски „V8“ со 390 КС. За помоќниот мотор ќе биде достапен само 7-степен автоматски менувач.

titan 004

Пикапот ќе е со заден пренос, а системот за погон на четири тркала ќе биде достапен како опција. Цените на моделот ќе станат познати при стартот на производството во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП