23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle со речиси 40 отсто пониска нето добивка во 2015-та

Nestle со речиси 40 отсто пониска нето добивка во 2015-та

nestle 39

Швајцарскиот прехранбен гигант „Nestle“ објави дека нето добивката во минатата година е намалена за речиси 40 отсто во споредба со претходната година, што најмногу се должи на високиот курс на швајцарскиот франк и ревалоризација на уделот на компанијата во сегментот дерматолошка фармација.

Нето добивката на Nestle падна за 37 отсто во споредба со претходната година, на 9,07 милијарди швајцарски франци, покажа деловниот извештај на швајцарската компанија.

Освен ревалоризација на уделот во компанијата Galderm, на деловниот резултат влијаеше и продажбата на нивните удели во францускиот козметички гигант L’Oreal, што ја зголеми добивката на компанијата во 2014 година.

Приходите на Nestle лани во однос на претходната година се намалени за три отсто, на 88,79 милијарди франци.

Приходите од продажба на органска храна во минатата година се зголемиле за 4,2 отсто на годишно ниво, што е нивен најслаб раст во последните шест години. Меѓу главните причини за ваквиот резултат се издвојува слабата побарувачка во регионите Азија, Океанија и Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП