23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmerican Express најави реструктуирање и отпуштања

American Express најави реструктуирање и отпуштања

american exppress s

American Express, најголемата светска куќа за кредитни картички, најави реструктуирање и укинување на работни места за да ги намали трошоците од работењето до наредните две години за една милијарда долари.

Соочен со остра конкуренција и губење на неколку долгорочни договори, меѓу останатите со компаниите како што се Fidelity Investments и Costco Wholesale, AmEx најави укинување на работни места, но не објави колку.

Засега не знаеме колку места ќе бидат намалени бидејќи одлуките за одредени позиции треба допрва да бидат донесени“, порача Кенет Шено, извршне директор на AmEx.

Најавата за реструктуирање уследи откако неодамна компанијата го објави деловниот извештај според кој во четвртиот квартал од минатата година добивката на AmEx се намали за 38 отсто на годишно ниво, на 899 милиони долари. Приходите паднале за 7,6 отсто, на 8,39 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП