26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата vs предвидувањата (график)

Цената на нафтата vs предвидувањата (график)

nafta kop

Овој графикон многу едноставно покажува дека „експертите“ не можат толку лесно да ја предвидат цената на стоката на пазарот.

Погледнете го овој графикон кој ја прикажува предвидената цена на нафтата во однос на реалните движења. Доколку сметате дека можете да ја предвидите цената на нафтата, престанете да се залажувате и насочете се кон некоја друга стока.

Според последните информации, Иран би можел да ги поддржи сите напори со цел да ја стабилизира цената на нафтата, вклучувајќи и соработка меѓу производители од „ОПЕК“ и оние другите.

nafta-grafik-aurora1222333

Иранскиот министер за нафта Бијан Занганех рече дека ќе го поддржат стопирањето на производството кое допринесува за стабилизација на цената на нафтата. Тоа е првиот од неколкуте чекори кои се потребни да се превземат, пренесува официјалната агенција Шана.

Министрите од „ОПЕК“ отпатуваа во Иран за да разговараат за можноста за замрзнување на производството на нафтата помеѓу глобалните производители.

Цената на нафтата забележа мал раст по коментарот на министертот за нафта. Раст од над 30 долари од барел забележа цената во САД, додека останатите фјучерси се движеа околу 34 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП