4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто може да се очекува од Xiaomi Mi 5?

Што може да се очекува од Xiaomi Mi 5?

mipet

По повеќе од една година на чекање, гласини и шпекулации, следната недела ќе биде прикажан моделот на „Xiaomi“ од највисоката класа – „Мi 5“.

Еве и што може да очекуваат од него корисниците врз база на информациите кои беа објавени на интернет. Според слики во глобалната мрежа, новиот уред ќе е со 5.15-инчен дисплеј со резолуција од 1.080 x 1.920 писксели.

Тој најверојатно ќе биде придвижуван од новиот 64-битен процесор на „Qualcomm“ – „Snapdragon 820“, со фреквенција од 2.15 GHz. Оперативната меморија најверојатно ќе биде до 3 GB, а внатрешната до 64 GB. Задната камера се очекува да е 16-мегапикселна со ласерски автофокус, а предната да е 4-мегапикселна.

Очекувањата за камерата и нејзиниот квалитет беа засилени од неколку фотографии објавени на социјалните мрежи од потпретседателот на компанијата Хуго Бара. Се уште нема потврда од сигурни извори за претходно објавените прогнози за дисплејот чувствителен на притисок или верзијата со оперативен систем „Windows 10“.

mipet1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП