22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗSkoda покажа хибриден SUV (фото+видео)

Skoda покажа хибриден SUV (фото+видео)

s vision

Чешката компанија „Skoda“ покажа официјални фотографии од својот прв кросовер. Тој ќе се појави како концепт во Женева, а за време на саемот во Париз ќе ја видиме и сериската верзија. Меѓу нејзините мотори ќе има и хибриден погонски систем.

Концептот се нарекува „VisionS“ со покажување на познатиот дизајн на чешката марка. На предниот дел се поставени ефектни двојни челни „LED“ светла, а позади гледаме стоп светла со 3D дизајн. Имајќи го во предвид концептот „VisionC“, со кој беше најавена новата генерација на „Superb“, најверојатно дизајнот на серискиот кросовер ќе биде многу близок до оној на концептот на сликите.

s vision 01

Предметниот сериски модел најверојатно ќе го добие името „Kodiak“ и ќе располага со три реда седишта, способни да прифатат 6 лица. Димензиите на возилото се 4,7 метри должина, 1,91 метри ширина и 1,68 метри висина. Меѓуоскиното растојание е 2,79 метри. Во основата на „Skoda Kodiak“ ќе биде платформата „MQB“, позната од новиот „VW Tiguan“.

Концепт кој е прикажан на фотографиите е опремен со хибриден мотор кој ќе биде достапен и кај сериската верзија. Агрегатот комбинира 1,4-литарски бензински мотор, два електромотори, литиум-јонски батерии и „DSG“ менувач со две спојки.

Системот може да се полни во електрична мрежа, обезбедува погон на сите тркала. За предната оска одговара бензинскиот мотор со 156 КС и електромоторот со 54 КС, додека на задниот е поставен електромотор со моќност од 115 КС.

s vision 02

Батериите со капацитет од 12,4 kW / ч обезбедуваат километража на електрична енергија од околу 50 км. Во хибриден режим километражата со целосно наполнети батерии и резервоар со гориво надминува 1.000 километри, покажуваат информациите. Во овој режим просечната потрошувачка на бензин е 2,1 л/100 км при нивоа на штетни емисии од само 45 g/km.

Вкупната моќност на системот е 225 КС, што му овозможува спринт од место до 100 km/h за 7,4 секунди. Максималната брзина на движење е 200 km/h.

Шпекулациите покажуваат дека „Skoda“ ќе се обложи на прилично агресивна ценовна политика. Очекувањата се серискиот „Kodiak“ да биде околу 15% поевтин од главните конкуренти на пазарот – „Kia Sorento“ и „Hyundai Santa Fe“.

Дополнителни детали ќе бидат достапни во почетокот на март. На саемот во Женева, „Skoda“ исто така ќе ги покаже и „Octavia RS 4×4“, „Octavia G-TEC DSG“ и „Fabia Combi ScoutLine“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП