6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКаков ќе биде Galaxy Note 6?

Каков ќе биде Galaxy Note 6?

note sest 3563

Не е мина којзнае колку време од излегувањето на пазарот на „Samsung Galaxy Note 5“, а веќе се појавуваат секакви гласини за тоа што ќе претставува „Samsung Galaxy Note 6“. Овој тренд е многу љубопитен, бидејќи се уште не знаеме целосно какви ќе бидат „Galaxy S7“ и „S7 Edge“.

Со ова се кријат одредени ризици што се однесува на кредибилитетот. Според непотврдени информации смартфонот ќе биде официјално претставен во третиот квартал на 2016-та година. Дотогаш има многу време, нели?

Според гласините „Samsung Galaxy Note 6“ ќе биде со 5,8-инчен „SuperAMOLED“ дисплеј, односно постои зголемување на екранот за 0,1 инч спрема „Samsung Galaxy Note 5“. Друг интересен момент е употребата на „RGB“-матрица, а не на „Diamond Pixel“. Тоа категорично значи дека екранот ќе нуди исклучителна дефиниција.

Покрај тоа „Samsung Galaxy Note 6“ ќе работи со 6 GB RAM меморија (а според некои извори дури 8 GB). Внатрешната меморија ќе биде 64/128 GB.

Очекувањата се фаблетот да располага со 12-мегапикселна камера со оптичка стабилизација, а исто така и два различни процесорот, слично на очекувањата за моделот „Galaxy S7“. Едниот ќе биде врз база на „Snapdragon“, а другиот на база „Exynos“.

Според „Latino Post“ дизајнот на „Samsung Galaxy Note 6“ ќе се карактеризира со мазна конструкција, куќиштето ќе биде направено од метал и легури. Ќе има ново пенкало и „USB“ порт „Type-C“.

Надежта на пазарот да се појави навистина подобрен уред се гледа и по претпоставките дека фаблетот ќе нуди технологија за брзо полнење, завидни аудио карактеристики, „4К“ дисплеј и огромна батерија. Не е невозможно да го видиме и првиот 16-core процесор од „Samsung“.

Уште во јануари се појавија претпоставки дека камерите ќе бидат на високо ниво. Основната ќе биде 30 МР, а предната 16 МР. Основната ќе располага со оптичка стабилизација на сликата, функција „3D“ и автофокус, а предната ќе има резолуција „4К“. Евентуалната негова цена се доближува до 1.100 долари.

Ако гласините за камерите се вистинити, тогаш „Samsung Galaxy Note 6“ категорично ќе биде телефон со завидни подобрувања.

Каков точно сепак ќе биде смартфонот според нас е рано да се каже, но останува да почекаме кога јужнокорејската компанија ќе направи премиера на овој уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП