9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на македонското млеко е стабилна

Продажбата на македонското млеко е стабилна

bitolsko-mleko

Аферата со афлатоксините во млекото што во изминатиот период зафати неколку балкански земји, не се одрази врз продажбата на млекото и млечните производи од македонските млекарници.

Од битолската млекарница Бимилк велат дека нема намалување во продажбата и дека долги години прават контроли на производите што ги пласираат на пазарот.

–  Аферата не не погоди како компанија. Имаме извозно бројче од 2002 година. Ги почитуваме светските стандарди и сертификати и тие даваат слика на она што го правиме, а тоа е технолошки лидер во Македонија. Продажбата оди напред, не само поради кризата. Цело време вложуваме во нашиот квалитет и сертификатите кои ги применуваме, изјави денеска Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП