19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставена хибридната верзија на Optima (фото+видео)

Претставена хибридната верзија на Optima (фото+видео)

opti hib 01

„Kia“ ја откри хибридната модификација на новата генерација на седанот „Optima“. Стандардната верзија беше прикажана на крајот на минатата година, а тогаш ја видовме и концептната варијанта на еколошкиот модел.

opti hib 02

За разлика од концептот „Optima T-Hybrid“, кој се потпираше на комбинација од дизел мотор и електромотор, во основата на серискиот модел е бензински агрегат. Тоа е 2,0-литарски мотор со 156 КС, со кој беше опремена и претходната хибридна верзија на „Optima“.

opti hib 03

Бензинскиот агрегат работи во комбинација со електромотор кој развива 68 КС, кој се напојува со сет батерии со капацитет од 9,8 kW / h. Само на електрична енергија седанот може да помине 63 километри, а со едно полнење на батериите и полн резервоар траекторијата може да надмине 980 километри.

opti hib 04

Порт за полнење е поставен во предниот дел на возилото. При користењето на приклучок со напон од 240 волти полнењето трае 3 часа, а кај 120 волти околу 9 часа. Дополнителено полнење се обезбедува од страна на системот за обновување при сопирање.

opti hib 05

Возачот на возилото може да избира помеѓу три режими – електричен, хибриден и режим на полнење, во кој се собира енергија при развивање на поголема брзина.

Хибридниот „Kia Optima“ ќе се произведува исклучиво во Јужна Кореја, при што претстои возилото да излезе и во караван верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП