18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАJoy marketing group отвара call center во Македонија

Joy marketing group отвара call center во Македонија

joy call centar

Вчера официјално започна со работа нова компанија од Босна и Херцеговина со седиште во Скопје. Имено се работи за компанијата Joy- marketing group чија главна дејност е работа на call center за германскиот пазар.

На отварањето беа присутни сопственикот на компанијата г-нот Мирсад Осмиќ и директорот на АСИПИРМ, г-нот Висар Фида.

Сопственикот на компанијата за стартот најави 33 вработувања со тенденциja до крајот на годината таа бројка да порасне до 100 вработувања, а за 4 години да достигне над 500 вработени. Намерата е да се вработат повеќе млади луѓе кои активно го зборуваат германскиот јазик, исклучиво луѓе од Македонија кои ќе работат за потребите на пазарот во Германија.

Во моментот се присутни на пазарот во Босна и Херцеговина и Бугарија. Компанијата е присутна на пазарот во Европа скоро 3 години.

„Мене ми е посебно драго што денес можам да најавам нова инвестиција и овојпат од Босна и Херцеговина. Денеска компанијата Joy – marketing group отвара нова канцеларија во Скопје за call center кој што ќе биде посебно наменет за компаниите во Германија. Оваа година според плановите на компанијата ќе се отворат околу 100-тина нови работни места за луѓе кои што говорат германски јазик, а во наредните 4 години планираат тој број да се зголеми на околу 500 луѓе”, изјави директорот на АСИПИРМ, г-нот Висар Фида.

„Особено задоволство ми е што денеска сум во Македонија по повод отварањето на нашиот прв call center тука. Свесни сме за фактот дека РМ е на значајно 12-то место во светот за водење на бизнис, според Doing business report и воедно тоа беше една од причините за нашето доаѓање во Македонија. Морам да бидам искрен дека Владата на РМ заедно со Агенцијата за странски инвестиции ни излезе во пресрет и ни го покажаа патот и начинот како најлесно може да започнеме со работа и какви поволности се нудат за странските инвеститори и за околу 30 дена успеавме да го отвориме овој call center. Како фирма не сме многу долго на пазарот кога е во прашање работа на call center, работиме 3 години, но веќе имаме 170 вработени, а до месец мај очекуваме таа бројка да достигне до 300 вработени.

joy call centar1

На првиот повик во Македонија се јавија 26 луѓе што за нас е фасцинантно, овде стекнавме впечаток дека луѓето, а особено младите луѓе сакаат да работат, а тоа е она што на нас ни треба.

На нас ни треба кадар кој ќе сака да ја почне својата кариера во оваа работа, а ние капитал за тоа имаме.Не кажувам дека од call center  може да се направи некоја кариера, но кариерата може да се започне од оваа позиција. Во оваа прилика сакам да упатам повик до младите во Македонија да се пријават за работа, да ја посетат нашата веб страна Joy – marketing group да видат со што ние точно се занимаваме и да видат дека можеби ова е прилика за нив за да го почнат своето вработување кај нас.

Воедно упатувам повик и до младите луѓе, односно студентите дека можат по 4 саати да работат кај нас. Ние во моментот работиме за сите добавувачи на струја во Германија, здравствено осигурување и истражување на пазарот на барање на различни фирми и од различни сектори од Германија“, изјави сопственикот на компанијата г-дин Мирсад Осмиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП