6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFujitsu Stylistic R726 - неверојатна комбинација од таблет и лаптоп (фото+видео)

Fujitsu Stylistic R726 – неверојатна комбинација од таблет и лаптоп (фото+видео)

fu tablet 00

Таблетот „STYLISTIC R726“ на „FUJITSU“ е уред „2 во 1“, кој се претвора од таблет во преносен компјутер со целосни перформанси само преку прикачување на тенката магнетна тастатура.

Одржливиот материјал, животот на батеријата за полно работно време и опциите за поврзување за бизнис класа и заштита, дозволуваат да се извршуваат работните обврски, без разлика каде и да сте.

fu tablet 01

Процесорот на уредот е од шестата генерација „Intel® Core ™ i5“. Оперативниот систем е „Windows 10 Pro“. Големината на екранот е 12,5-инчи (31,8 cm). Уредот може да се пофали со издржливост на батеријата до 9.5 часа. Тежината му е 0.830 kg, а меморијата до 4 GB. Хард дискот е 1×512 GB SSD, а графичката картичка е „Intel® HD Graphics 520“.

„STYLISTIC R726“ комбинира бизнис таблет и бизнис лаптоп во еден уред. Претворате го таблетот во полно опремен лаптоп компјутер со едноставно закачување на магнетна тастатура и проширете го со интегриран држач за таблет. Уредот обезбедува интелигентни функции за динамични стилови на работа.

fu tablet 02

Располага и со опција за мат екран, издржливо, но теноко и лесно куќиште од магнезиум-алуминиум, флексибилни опции за влезни податоци, можности за УКСР, долго времетраење на работата до 12 часа. Интелигентните функции овозможуваат секаде да се врши работата, а опцијата за функционалност нуди вградени „4G/LTE“, „NFC“ и „Intel® Pro Wireless Display“.

Функциите за заштита што не губат актуелност со текот на времето, како и можностите за управување од далечина ја одржуваат безбедноста на податоците. Уредот нуди и вградена комуникација во блиска област (NFC) за проверка на безконтактната „SmartCard“, кодирани дискови и „TPM“.

fu tablet 03

Овој уред е најдобриот за својата класа и е погоден за во канцеларијата, така што веднаш се префрла во полн работен режим на компјутер и има приклучоци за прикачување на периферни уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП