6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung започнува со дистрибуцијата на Android 6.0 за своите смартфони

Samsung започнува со дистрибуцијата на Android 6.0 за своите смартфони

EdgeUpdate_Main_0.4_678x45233333

Девет месеци откако „Android 6.0 Marshmallow“ беше претставен од „Google“ за прв пат, тој конечно го започнува својот бавен пат кон смартфоните на „Samsung“. Компанијата објави дека започнува со постепено ширење на новиот оперативен систем за нивните уреди.

Први ќе ја добијат смартфоните „Galaxy S6“ и „S6 edge“. Првите потрошувачи сега треба да добијат известувања дека обновувањето е достапно за нив. Со него доаѓаат сите новости на платформата плус некои помали иновации од „Samsung“. Тие се претежно за верзијата „S6 edge“ која ќе има неколку екстра новости за заоблениот екран.

„Samsung“ најави дека наскоро ќе почне да го шири „Android 6.0“ и до други компатибилни уреди. Компанијата не прецизира кои се, но логиката сугерира дека тоа ќе се „Note 5“ и „S6 edge +“ и веројатно дел од останатите понови модели на „Samsung“. Платформата ќе се нуди и за некои таблети. „Samsung“ додава дека конкретните датуми и уреди ќе зависат од „пазарните услови и условите на мобилните оператори“.

Бавната појава на „Android 6.0“ кај смартфоните повторно потсетува на проблемите на мобилната платформа. „Google“ почитува ветувањето и секоја година пушта ажурирана верзија на оперативниот систем, но нејзиното реално постигнување до веќе продадените смартфони трае со месеци и често дури и не се случува.

Според податоците на „Google“ 35.5% од смартфоните со „Android“ користат верзијата „KitKat“, која е веќе две години стара. Други 23% ја користат уште старата „JellyBean“. Други 34% се потпираат на „Lollipop“, која беше претставена во 2014-та година. Само 1.2% од сите смартфони со „Android“ ја користат најновата верзија „Marshmallow“. За споредба – 76.9% од сите „iPhone“ се со најновата верзија на „iOS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП