11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците “кукаат” за работници: Плата 2.500 евра!

Германците “кукаат” за работници: Плата 2.500 евра!

bravar

Германците се во потрага по добри бравари, кои дури и би им платиле пат за дојдат да работат.

Германците се во потрага по бравари. Нудат плата до 2.500 евра месечно. Неделно се работи по 35 часа, платен е патот до Германија, па дури и здравствено и пензиско осигурување.

Хрватските портали за вработување објавуваат многу атрактивни огласи за работа, а од порталот posao.hr објаснуваат дека работниците може да се плаќаат и прекувремено.

Платата во случајот за бравари е од 1.500 до 2.500 евра месечно. Тоа се однесува на 35 часа неделно, но е можно и прекувремено да се работи, каде се плаќа и до 25 отсто повеќе. Доколку се работи за празник или во недела, работниците се платени од 50 до 100 отсто повеќе.

“Германските работодавци дури ги покриваат и трошоците за превоз до Германија, им плаќаат образование, курсеви по германски јазик, сертификат за завршена работа како и разни други бенефиции”, велат од порталот.

Додека кај нас се потценети, пазарот на труд чека на занаетчиите.

Према Заводот за вработување во Германија во цела земја најмногу фалат столари, ѕидари, месари, пекари, стаклари и медицински техничари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП