18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG ќе претстави два нови смартфони од средна класа

LG ќе претстави два нови смартфони од средна класа

nlg oo

Во прилог на долгоочекуваниот модел од највисока класа „G5“, јужнокорејската компанија „LG“ планира да претстави и два модела од средната класа за време на саемот во Барселона.

Моделите ќе се нарекуваат „LG X cam“ и „LG X screen“, а се очекува да поседуваат некои од карактеристиките на смартфоните од високата класа на компанијата.

Моделот „LG X cam“ ќе се одликува со 5.2-инчен екран со резолуција од 1080 x 1920 пиксели и 2 GB RAM меморија. Тој ќе биде придвижуван од осумјадрен процесор со фреквенција од 1.14GHz и ќе располага со 16 GB внатрешна меморија. Уредот ќе има две задни камери – една 13 и една 5-магапикселна, како и 8-мегапикселна предна камера. Батеријата ќе е со капацитет од 2520mAh, а оперативниот систем е „Android 6.0“.

nlg oo1

Другиот модел „LG X screen“ ќе е со 4.93-инчен екран со резолуција од 720 x 1280 пиксели. Вториот екран со големина од 1,76 инчи ќе се наоѓа во горниот дел и ќе ги прикажува пораките, времето и часот, без да е потребно активирање на екранот. Оваа карактеристика е превземена од моделот „LG V10“, а според гласините ќе се појави и кај новиот модел „LG G5“. Уредот ќе е со „quad-core“ процесор со фреквенција од 1.2 GHz, како и 16 GB внатрешна меморија. Оперативната меморија е 2 GB.

И двата уреди ќе бидат официјално претставени на 22-ри февруари, или ден по официјалното деби на долгоочекуваниот „LG G5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП