13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОткриен луксузниот караван на Volvo (фото)

Откриен луксузниот караван на Volvo (фото)

kara volvo

Премиерата на новиот луксузен караван на „Volvo – V90“, ќе се одржи на 18-ти февруари во Стокхолм, но изданието „Autoweek“ успеа да обезбеди официјални фотографии на моделот.

Автомобилот е изграден врз основа на предводникот на Швеѓаните – „S90“, а во неговата основа е новата модуларна платформа „SPA“. Таа дебитираше кај друг модел на скандинавскиот производител – втората генерација на кросоверот „XC90“.

kara volvo1

Се очекува караванот „V90“ да биде поголем од својот претходник „V70“, чија должина изнесуваше 4823 мм. Задниот дел на возилото ќе биде во стилот на прототипот „Estate Concept“, додека останатите елементи ќе се идентични со седанот „S90“.

kara volvo2

Во палетата мотори на моделот ќе се најде 2,0-литарски дизел со моќност од 190 и 235 КС, а исто така и 2,0-литарски бензински мотор со турбина и компресор кој развива 320 КС. Ќе има и хибридна верзија со 407 КС.

kara volvo3

Пред публика новото „Volvo V90“ ќе се појави на саемот во Женева во март. Подоцна ќе бидат пуштени и две модификации – спортска со хибриден погон, дело на компанијата „Polestar“, како и теренец – „Cross Country“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП