18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот ŠKODA Superb во конкуренција за наградата „Автомобил на годината“ во Македонија

Новиот ŠKODA Superb во конкуренција за наградата „Автомобил на годината“ во Македонија

car mk 33

Знаменосецот на ŠKODA, новиот Superb веднаш по лансирањето на светскиот пазар ги освои симпатиите на љубителите на висококвалитетни автомобили и ги доби максималните пет ѕвезди од Euro NCAP, европска програма за оценување на нови автомобили. ŠKODA Superb е лимузина која изгледа одлично, нуди многу простор и фантастично возачко искуство.

ŠKODA Superb1

Новиот Superb дефинитивно е најдобриот и најпространиот автомобил во класата. Добитник на значајното признание „Фамилијарен автомобил на годината“ според престижниот автомобилски магазин AutoExpress и автомобил на годината според посетителитена најголемиот британски вебсајт за автомобили WhatCar, а воедно е номиниран и за автомобил на годината во нашата земја. Затоа гласајте за Superb за „Автомобил на годината во Македонија“

Дизајнерите и стручниот тим на ŠKODA го поставија овој модел на едно сосема ново ниво кога станува збор за креативноста и технологијата. Автомобилот нуди низа системи за помош кои досега не беа вградувани кај возилата од овој сегмент. Новата технологија, направена според последниот збор на техниката, му помага на возачот во најразлични ситуации во сообраќајот.

ŠKODA Superb 2

ŠKODA Superb се истакнува и со иновативната технологија на моторот така што возилото троши само 3,7 литри гориво на 100 километри. Škoda Superb поставува нови стандарди во поврзувањето на автомобилот со паметни телефони и таблети како и во поврзувањето со интернет. Новиот Škoda Superb доаѓа со бројни нови и единствени Simply Clever решенија.

Официјалниот портал за онлајн гласање за наградата Автомобил на годината е www.coty.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП