6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗа две години раст за три пати на популарноста на апликациите за...

За две години раст за три пати на популарноста на апликациите за запознавања

dejt 353

Популарноста на апликациите за запознавање скокнала речиси за три пати од 2013-та година до средината на 2015-та година, соопштува аналитичарската компанија „Pew Research Center“. Растот е за луѓето на возраст меѓу 18 и 24 години во САД, додека кај корисниците меѓу 55 и 64 години популарноста на овие апликации се зголемила двојно за истиот период.

Вкупно 12% од Американците користеле сајт за интернет запознавања. Во 2013-та година биле 9%. Исто толку, 9% се корисниците на сличните мобилни апликации, додека во 2013-та година тие биле само 3%.

Просек 27% од сите Американци на возраст меѓу 18 и 24 години користат такви услуги. Очекувано, тоа е и најголемата база на корисници на апликациите за запознавања. Вкупно 29% од Американците познаваат човек кој почнал сериозна врска благодарение на овие платформи.

Според податоците на „Pew Research Center“ корисниците со завршен колеџ, како и оние со висок приход од над 75 илјади долари годишно познаваат најмногу луѓе кои нашле сериозен партнер преку сајтови и апликации за запознавања.

Вкупно 80% од корисниците на овие сајтови и апликации велат дека ова е добар начин да се откриваат нови контакти. На истото мислење се и 55% од луѓето кои никогаш не користеле слични услуги. 62% сметаат дека онлајн запознавањето им овозможува на луѓето полесно да откриваат соодветни партнери, освен тоа е многу полесно.

Сепак 45% се свесни и за ризиците кои се поврзани со овој тип запознавања. 31% пак сметаат дека овие сајтови и апликации се штетни и пречат на луѓето да се утврдат со еден партнери. Само 16% сметаат дека овие услуги се за очајни луѓе.

Во однос на ризиците, мажите и жените имаат отстапувања. 53% од жените кои користеле услуги за онлајн запознавања, велат дека тоа е поопасно отколку тоа да го сторат на традиционалните начини. Истовремено, само 38% од мажите мислат на ист начин. Просек 17% од мажите и 14% од жените во САД користат платформи за онлајн запознавања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП