18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Која е највисоката зграда, изградена во 2015-та година?

График на денот: Која е највисоката зграда, изградена во 2015-та година?

obl deri

Во 2015-та година во светот биле изградени повеќе облакодери отколку во која и да е друга година, покажува годишниот извештај „2015 Year in Review на Skyscraper Central“.

obl deri11

Највисокиот облакодер изграден минатата година – „Шангај Тауер“, е висок неверојатни 632 метри, со што станува втората највисока зграда во светот по „Бурџ Калифа“ во Дубаи, коментира „VisualCapitalist“.

obl der5

„Шангај Тауер“ станува и симбол на последните трендови во овој сектор. Зградата е со измешани функции (во неа има и хотел, исто така и деловен простор) и е изграден од неколку материјали, вклучувајќи челик и бетон.

obl deri33

Втората највисока зграда, завршена во 2015-та година, е на „Park Avenue 432“ во Њујорк, но дури и не се доближува до значајната висина на „Шангај Тауер“. Таа е за 206 метри пониска, што ја прави нејзината висина од 425 метри.

obl deri4

Всушност освен „Park Avenue 432“ само два други облакодери биле изградени во Северна Америка во минатата година: „ICE Condominiums“ во „York Centre“, Торонто, и „Sky“ во Њујорк.

obl deri2

Трендот продолжува да се покажува во насока на Азија, каде во 2015-та година биле изградени 76,4% од сите нови облакодери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП