18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota е подготвена со сериски хибриден SUV (фото)

Toyota е подготвена со сериски хибриден SUV (фото)

hib toj

Компанијата „Toyota“ го пушта во производство концептниот модел „CH-R“, чија сериски опција ќе треба да се натпреварува со „Nissan Juke“. Премиерата на компактниот „SUV“ ќе се одржи на 3-ти март на саемот во Женева.

Производството на моделот ќе биде насочено во фабриката на компанијата во Турција, каде се составува „Corolla“ и „Verso“. За таа цел колективот на претпријатието ќе биде зголемен од 3000 на 4000 лица, а вкупната инвестиција ќе го надмине износот од 1,7 милијарди евра.

hib toj1

Посебно за ставањето на „CH-R“ во сериско производство, јаронците ќе потрошат 350 милиони евра. Погонските агрегати на кросоверот ќе се произведуваат во фабриката во Велс, каде што сега се составуваат хибридните верзии на „Auris“, како и бензинските мотори за „Avensis“, „Corolla“ и „Verso“.

Серискиот „CH-R“ ќе биде изграден на новата платформа „TNGA“ која е во основата на четвртата генерација на хибридниот „Prius“. Од компанијата тврдат дека таа е со меѓу 35 и 65% поцврста од конструкцијата, користена за претходните модели на марката.

hib toj2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП