3 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank ќе откупува свои обврзници

Deutsche Bank ќе откупува свои обврзници

dojce 353

Најголемата германска банка „Deutsche Bank“ има намера да ги смири пазарите преку откуп на обврзници вредни неколку милијарди.

Банката објави предлог, насочен кон одредени необезбедени обврзници. Во однос на обврзниците во евра е планиран обем од 3 милијарди евра, при доларските обврзници до 2 милијарди долари. За оваа цел „Deutsche Bank“ издвои вкупно 4,76 милијарди евра, соопшти банката.

„Силната ликвидност на банката го овозможува тоа купување на хартии од вредност, без тоа да влијае на планот за издавање на емисии во 2016-та година“, се вели во соопштението на банката.

За можниот откуп на обврзници се шпекулира со денови.

„Банката ги користи пазарните услови, за да ги откупи назад овие обврзници со атрактивни цени и на тој начин да го намали својот долг. Купувањето на овие обврзници на цени под емисиона вредност, банката оствари добивка. Во прилог на банката е да ги заштеди идните каматни плаќања по овие хартии од вредност“, појасни главниот финансиски директор Маркус Шенк во соопштението.

Од почетокот на неделава „Deutsche Bank“ се обидува да го смири несогласувањето на пазарите на капитал. Главниот извршен директор Џон Крајан напиша во писмо до вработените: „Можете да им кажете на клиентите дека благодарение на капиталната моќ и својата ризична позиција „Deutsche Bank“ е апсолутно солидна“.

Акциите на „Deutsche Bank“, слично на другите банкарските акции, беа подложени на силни распродажби од почетокот на годината.

Во меѓувреме и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле се изрази позитивно за одлуката на „Deutsche Bank“ и ја опиша како „силна“.

Берзански играчи ја опишуваат изјавата на министерот како доста вознемирувачка. Ако министер за финансии биде принуден да интервенира усно на овој начин, тогаш тоа во принцип е јасно предупредување, се зборува на берзата.

Попладнево акциите се тргува со раст од 10,08% до 15,06 евра за готово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП