На крајот на 2015-та година индустријата на еврозоната изненадувачки мораше да претрпи сериозен удар. Во декември индустриското производство се намалува на сезонски прилагодената база од 1% во однос на претходниот месец, објави статистичкото биро Евростат кое е базирано во Луксембург. Тоа е највисоко повлекување од август 2014-та година, додека аналитичарите очекуваа раст од 0,3 отсто.
Најсериозен пад има во енергетскиот сектор од 2,4 отсто. Тука влијание имала меката зима, пренесуваат медиумите.
Во претходниот месец производството не се распадна толку силно како што се сметаше досега. Евростат ревидираше опаѓање за ноември до 0,5%, додека според прелиминарните податоци се прогнозираше пад од 0,7 отсто. На годишна база има раст од 1,4 отсто.
На годишна основа производството во декември падна за 1,3 отсто. И тука има сериозно несогласување со очекувањата на аналитичарите, кои се надеваа на раст од 0,7 отсто.
Според Евростат едвај во неколку земји од зоната е забележан раст на индустриското производство во декември. Тука спаѓаат Грција (+1,4%) и Португалија (+ 0,2%). Најсериозен пад има во Ирска (-4,3%).