22 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle развива и самостојни очила за виртуелна реалност

Google развива и самостојни очила за виртуелна реалност

vr gugl 335

„Google“ има доста сериозни намери за влез во сегментот на виртуелната реалност (VR) со повеќе од еден нов уред. Компанијата развива очила за „VR“ на кои не им треба паметен телефон за да работат.

Неодамна беше објавено дека компанијата развива „VR“ очила кои се потпираат на екранот на смартфонот и дел од неговиот хардвер за да работат. Овој проект останува и уредот, всушност, ќе биде пуштен до крајот на оваа година.

Самата компанија не ги потврдува информациите, но и не ги негира. Во средата за време на конференцијата на новиот шеф на одделот за развој на виртуелната реалност во „Google“, Клеј Бејвер исто така не даде многу детали.

„Од самиот почеток сакаме да направиме „VR“ достапна за сите. Ќе имаме малку повеќе да споделиме малку подоцна во оваа година“, коментира Бејвер.

Новите очила ќе се целосно самостојни и нема да има потреба да се поврзуваат со паметен телефон, компјутер или гемјмерска конзола. Уредот ќе го има потребниот хардвер и екран, а ќе има и камери кои ќе го следат движењето на главата и да ја проектираат на екранот околината доколку е потребно.

Иднината на овој уред се уште не е целосно јасна. Тој е во рана фаза на развој и може да биде одложена, но има можност да биде претставен на крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП