3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook ќе пушти SMS пораки и промена на профили во Messenger

Facebook ќе пушти SMS пораки и промена на профили во Messenger

mes fb 33

„Facebook“ повторно ќе се проба со услугата за пуштање на „SMS“ пораки во својата апликација „Messenger“. Тоа можеше да се прави во 2013-та година, но на крајот на ноември истата година одлучи да го запре, бидејќи многу малку корисници секојдневно ја користеле услугата.

Идејата беше корисници да можат да пуштаат пораки на своите пријатели, кои не користат „Facebook“ или немаат „Messenger“.

Услугата за сега се тестира меѓу ограничен број на „Android“ корисници во Северна Амерка, а таа треба да се вклучи од поставките на „Facebook Messenger“, не доаѓа автоматски.

Покрај тестирање на „SMS“ пораки, „Facebook“ најави дека тестира уште една услуга, повторно меѓу „Android“ корисниците, можноста да се менуваат профилите во „Messenger“ апликацијата на еден уред.

Во моментов корисник со два или повеќе профили треба рачно да излегува и влегува со профилот од кој сака да пишува во „Messenger“, што е досадно и комплицирано. Социјалната мрежа сака да го отстрани тоа со едноставно интегрирање за лесно префрлување кон профилот кој сака да го користи корисникот директно во „Messenger“ и да не се наметнува излез од апликацијата. Сега секој со втор профил кој или го користи како службен, или било која друга основа, ќе може да запре со досега постојаното вклучување и исклучување во профилите во текот на денот.

И двете услуги имаат својата цел. Со „SMS“ пораки „Facebook“ сака да има ефект и кон оние корисници на уреди кои досега не го инсталирале „Facebook“ или „Facebook Messenger“. Така компанијата ќе може дополнително да ги зголеми бројките за корисниците кои ја користат мрежата пред инвеститорите. Промената на сметките пак ќе го зголеми вкупното време кое корисниците го поминуваат во апликацијата, односно на „Facebook“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП