2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на Нокиа

Зголемен профитот на Нокиа

nokia1

Профитот на финскиот производител на телекомуникациска опрема Нокиа е зголемен во четвртиот минатогодишен квартал преку 50 отсто, на 498 милиони евра.

Профитот го крена благиот раст на продажбата, а компанијата предупреди дека и се закануваат пазарни проблеми, посебно во Кина, пренесува Танјуг.

Приходите на компанијата во тој квартал пораснале три отсто, на 3,6 милијарди евра, благодарејќи на силниот раст на работењето на технолошкиот сектор.

Нокиа заработи и 2,5 милијарди евра од продажбата на сервисот за мапирање HERE на автомобилските компании Ауди, Дајмлер и БМВ.

Финскиот производител на телекомуникациска опрема минатата година стана водечки светски мрежен провајдер по преземањето на француско-американскиот ривал Алкател-Лусент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП