5 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBMW се пофали со топ верзија на Series 7 (фото+видео)

BMW се пофали со топ верзија на Series 7 (фото+видео)

slag 00

Баварскиот гигант „BMW“ го најави излегувањето на максималната верзија на новата генерација на својот предводник „Series 7“. Тоа е модификацијата „BMW M760Li xDrive V12 Excellence“.

Луксузниот седан со додаток „М“ кон своето име добил дополнителен аеродинамичен пакет, спортски издувен систем, двојни издувни цевки „Cerium Grey“ и сопирачки механизам „M Sport“ со сини помагала. Автомобилот е поставен на 20-инчни бандажи, создадени специјално за него.

slag 01

Во кабината се поставени седишта со електрично регулирање и тапацир со кожа „Nappa“. Постојат уште дополнителни сјајни дрвени елементи, како и поставата на таванот со црна „Alcantara“, позната од „М“ автомобилите на „BMW“.

slag 02

Погонот на модификацијата „BMW M760Li xDrive V12 Excellence“ е доверен на 12-цилиндричен бензински мотор со технологија „M Performance TwinPower Turbo“ со два „mono-scroll“ турбополначи, систем за директно вбризгување на горивото и променливи фази на распределбата на гаста.

slag 03

Волуменот на моторот е 6592 кубици, а моќта достигнува 600 КС при 5500 врт/мин. Максималниот вртежен момент од 800 Нм е достапен под едвај 1.500 врт/мин. Комбинацијата со 8-степен менувач „Steptronic Sport“ со поставувања „M Performance“ овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди.

slag 04

Максималната брзина од 250 км/час е ограничена по електронски пат, но при додавање на пакетот „M Driver’s“ таа достигнува 305 км/ час. Објавениот од BMW мешан потрошувачка е 12,6 л / 100 км.

„BMW M760Li xDrive V12 Excellence“ ќе има премиера на саемот за автомобили кој на почетокот на март ќе се одржи во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар