8 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗOpel најави нов електричен автомобил: Ampera-e пристигнува во 2017-та

Opel најави нов електричен автомобил: Ampera-e пристигнува во 2017-та

eampera 00

Следната година „Opel“ на пазарот ќе пушти револуционерен нов електричен автомобил со акумулатори, соопштуваат од германската марка. Моделот ќе го носи името „Ampera-e“ и ветува не само висока практичност, туки и прифатлива цена.

Појавата на „Ampera-e“ е продолжение на најголемата и сеопфатна продуктната офанзива во историјата на „Opel“, вклучувајќи 29 нови модели во периодот меѓу 2016-та и 2020-та година, соопштуваат од брендот. Тие појаснуваат дека пазарната премиера на електричната машина ќе се одржи веќе следната година.

Моделот има 5 места и 5 врати, а од сликите станува јасно дека има релативно компактни димензии. Од „Opel“ тврдат дека внатрешниот простор ќе биде многу великодушен, бидејќи батериите се рамни и интегрирани под подот на возилото.

eampera 01

Конкретни информации за погонот на „Opel Ampera-e“ недостасуваат, но само се наведува дека моделот ќе нуди возбудлива динамика и подолга автономија на дивжење кога батеријата е целосно наполнета од повеќето електрични модели на пазарот.

Според информациите може да се констатира дека „Ampera-e“ ќе се појави на пазарот по прифатлива цена.

Повеќе детали треба да бидат откриени во почетокот на март за време на премиерата на електричниот автомобил на автосалонот во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар